Интересот од страна на граѓани од Балканот за купување недвижности во северните делови на Грција, особено на Халкидики, бележи значаен пораст. Додека дел од купувачите ја гледаат оваа инвестиција како летен одмор и можност за дополнителен приход преку изнајмување, постои растечки проблем: мнозинството од овие изнајмувања се неформални и не се пријавуваат на соодветен начин — без данок, без дозволи и без легална регистрација. Ова создава нелојална конкуренција за локалните бизниси кои плаќаат даноци и следат прописи.
Според податоци, ова практично значи дека некои едноставно објавуваат на Instagram или Facebook, ги договараат условите директно, и домаќините не се проверуваат при пристигнување. Такви случаи не само што го нарушуваат системот на приход и даночен надзор, туку и создаваат ризик за гости кои немаат никаква заштита доколку нешто тргне наопаку.
Стопанската комора на Халкидики најави дека ќе преземе мерки — меѓу кои и подобрување на системот за регистрација на сите сместувачки капацитети кои се изнајмуваат, засилување на контролите и казнените мерки за оние кои работат нелегално. Се разгледува и влијанието на новиот систем за регистрација на влезови во Шенген зоната, што ќе започне од 12 октомври.
Од даночен аспект, сопствениците кои имаат приход од изнајмување мора да се регистрираат, да го пријавуваат прихот, и да плаќаат локални такси и даноци (на пр. ENFIA и други даночни обврски) како што тоа се бара во Грција од страна на властите.
На крајот, овој бум со купувачи и растот на цените похајпани од стана недвижности ја зголемува потребата за транспарентност и регулаторна рамка која ќе ја заштити и локалната заедница и легалните инвеститори.