Градски парк Школка

„Гуш и Бац е љубов“

Со разновидни игри како ракомет, „Не лути се човече“, плочка и други, едкукативни катчиња,  ликовно катче, креативни работилници се славеше убавината на различноста.

Денес на Школка во 11 часот, се одржи „Гуш и Бац е љубов“, настан посветен на зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството. Настанот р во организација на Аутизам ААМК. Претседател на здружението е активистот Денис Јанкуловски, од Центарот за јавно здравје, кој за време на пандемијата стана популарен на социјалните мрежи и во јавноста како Денис Космонаутко.

Ова е шеста година по ред како овој настан се одржува.

Со разновидни игри како ракомет, „Не лути се човече“, плочка и други, едкукативни катчиња,  ликовно катче, креативни работилници се славеше убавината на различноста.

“Она што сакаме да докажеме и покажеме, како и секогаш на нашите дружби, е тоа дека и децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, сакаат да покажат дека и тие знаат, умеат, можат да пеат и танцуваат. Сакаат да бидат поканети на родендени, но и другите деца да доаѓаат на нивните. Но најважното од се` – сакаат да другаруваат, да бидат заедно со другите деца. Сакаат да растат заедно. Впрочем тоа сите го сакаме нели. Преку игра да им покажеме на семејствата со деца со типичен развој дека треба да ги надминат своите стравови кои се резултат само на страв од непознатото – вели Денис Јанкуловски и додава:

„Но за да е возможно сето тоа, пред се’ овие лица треба да бидат прифатени токму онакви какви што се. А знаеме дека Школка е токму местото за тој прв голем чекор кој понатаму со заедничко секојдневие води кон нормално, здраво, инклузивно општество. А децата… децата за разлика од нас големите, гледаат со срцето и со душата, тие гледаат само деца со некаква различност со кои сакаат да растат и да играат заедно. Да учиме од нив како треба“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни