Гугл ќе плати 1,4 милијарди долари во спогодба со Тексас

Технолошкиот гигант Гугл постигна прелиминарна спогодба со државата Тексас и се согласи да исплати 1,375 милијарди долари, откако беше обвинет за кршење на законите за заштита на приватноста на корисниците, соопшти државниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон.

Пакстон ја нарече оваа спогодба „историска победа“ за правата на приватност и безбедноста на граѓаните на Тексас, истакнувајќи дека станува збор за најголемата отштета што една сојузна држава ја обезбедила од Гугл во спорови поврзани со злоупотреба на лични податоци.

Спогодбата се однесува на две тужби кои опфаќаат три производи на Гугл, поврзани со наводни прекршувања на законот за заштита на потрошувачите во Тексас, пренесува Reuters.

Повеќе детали за конкретните производи или видот на прекршувањата не се објавени, но се нагласува дека спогодбата претставува значителен преседан во напорите на американските држави да ја зајакнат регулативата за дигитална приватност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни