Групата „Кој е следен“, за во недела кај ЗОО Скопје најави уличен форум

„Нашите градови се небезбедни! Тоа мора да се промени. На уличниот форум ги собираме сите идеи и предлози за посигурни улици – од железнички градски превоз во Скопје, до урбанистички промени за подобрување на сообраќајната култура. Со затворање на раскрсницата пред Зоолошката градина, се обединуваме со пошироката и стручна јавност и испраќаме недвосмислена порака – безбедноста во нашите градови не е прашање на избор, туку неопходност“, велат од „Кој е следен?“.

Оттаму додаваат дека постојат конкретни и изводливи решенија за создавање поуреден, безбеден и функционален урбан простор, додавајќи дека е време сите заедно да застанеме зад мерки што ќе гарантираат долгорочна сигурност во домовите и на улиците каде што живееме, работиме и се движиме секојдневно.

За во недела е најавен и протестен марш во Неготино за правда за 22-годишната Фросина.

На 16 февруари (недела), ќе се одржи протест и во Скопје, но организаторите посочија дека повеќе детали ќе објават во наредните денови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни