Драматични сцени се случија вчера во Србија, поточно во Клупци кај Лозница, кога гром удри за време на пријателски фудбалски натпревар меѓу клубовите Раднички и Цера.
Инцидентот се случил по приближно 30 минути игра кога гром удрил точно во центарот на теренот. Според судијата на натпреварот, Драган Јериниќ, сите натпреварувачи кои биле свртени кон местото на ударот паднале на земја.
Според неофицијални податоци, десет играчи од домаќинскиот состав претрпеле полесни повреди, додека еден фудбалер од гостинскиот тим, се стекнал со сериозни повреди и му била извршена реанимација. Во моментотв тој е сместен во болница и е под надзор на медицински персонал.
Сите повредени биле брзо пренесени во Општата болница во Лозница. Натпреварот бил веднаш прекинат кога почнало невремето, а медицинската екипа навреме интервенирала за да се спречи поголема штета.