Тунберг го поврза локалниот еколошки активизам со глобалните мировни движења, укажувајќи на, како што рече, заедничките корени на климатската и безбедносната криза.
„Климата и конфликтите не се одвоени – зад двете стои насилен систем кој профитира од експлоатација и неправда. Она што се случува во Газа е дел од истиот глобален проблем“, истакна Тунберг во своето обраќање.
Таа, исто така, го спомена неодамнешното гласање во македонското Собрание против предлогот за хуманитарна помош за Појасот Газа, оценувајќи го како сигнал за потребата од поширока граѓанска мобилизација.
„Ќе учествувам на дискусијата во Скопје и на утрешната блокада за заштита на Дошница – повикувам сите кои можат да се приклучат“, рече таа.
Настаните се дел од поширока кампања на граѓански организации кои поврзуваат еколошки, мировни и социјални прашања, а организаторите најавуваат присуство на активисти и поддржувачи од повеќе градови.