Грција жестоко се бори да ги врати дома Мермерите од Партенон

Грација жестоко се залагла да ги врати во Атина “Мермерите од Партенон“, кои се изложени во Британскиот музеј. Министерката за култура на Грција, Лина Мендони, рече дека враќањето на ова културно богатство, не е прашање што „ќе се затвори преку ноќ“, но информираше дека на оваа тема „се водат дискусии и консултации со Британскиот музеј, како и отворен дијалог со целата научна заедница“.

„Веќе постои меѓународна клима, која го фаворизира враќањето на културните добра кои беа украдени, насилно отстранети од територијата на една земја. Ова е морално прашање што се провлекува низ политиките на големите музеи и воопшто културната политика на меѓународен план, истакна министерката.

Таа додаде дека „повторното обединување на скулптурите на Партенон е постојано грчко барање, на кое работи целата Влада“.

Прашањето за враќањето на скулптурите, според медиумите во Грција се очекуваше да биде една од темите на денешната средба во Лондон на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со британскиот премиер Кир Стармер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни