Грција воведува строги казни за непочитување на сообраќајните правила

Одморот во Грција може да се претвори во скапа авантура за оние кои не ги почитуваат сообраќајните правила.

Туристите кои веќе тргнаа кон Егејот беа изненадени кога ги видоа износите на казните: неносење сигурносен појас: 350 евра, користење мобилен телефон при возење: 500 евра, паркирање на место за лица со попреченост: 1.000 евра, со можност за одземање на возачка дозвола.

И тоа не е сè – возењето под дејство на алкохол (а во Грција има нулта толеранција), поминувањето низ црвено светло или сериозното пречекорување на дозволената брзина, може да доведе до одземање на возачка дозвола за 6 месеци, а во потешки случаи до трајна забрана за управување со возило, конфискација на автомобилот, па дури и затворска казна.

Казните се праќаат дома – директно од паметни камери

Грците сериозно одлучија да ја стегнат казнената политика – воведени се паметни системи за откривање прекршоци, кои автоматски фотографираат возила и испраќаат казни на домашната адреса на сопственикот. Покрај класичните прекршоци, воведени се нови правила за возачите на електрични скутери и велосипеди, како и дополнителни ограничувања за младите возачи и оние кои возат камп-камп возила.

Грците, се чини, не планираат да попуштат, а ако планирате да го поминете летото кај нив – не заборавајте дека непочитувањето на правилата може да ве чини дури половина од вашиот одмор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни