Носејќи транспаренти со натписи „Слобода за нашите херои“ и „Херои со лавовски срца“, демонстрантите истакнаа дека приведените обезбедувачи се луѓе кои спасувале животи за време на пожарот во дискотеката, каде трагично загинаа 59 лица.

Според сведоштвата на граѓаните, станува збор за фирма за обезбедување која вршела редовни патроли низ повеќе угостителски објекти во Кочани. Во моментот на пожарот, нивните припадници се нашле во близина и веднаш започнале со помош на жртвите.
Граѓаните изразија револт, барајќи надлежните институции да ја преземат одговорноста и да се идентификуваат виновниците во системот, наместо вината да се префрла на обезбедувањето и продавачот на влезници.
