Во нива кај Нов Дојран пронајдена граната од Првата светска војна

Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна била безбедно подигната откако жител на Нов Дојран ја пронашол во нива.

Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна била пронајдена во нива во атарот на Нов Дојран, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, случајот вчера во Полициското одделение Нов Дојран го пријавил 78-годишниот Д.А. од Нов Дојран, откако ја забележал гранатата на земјоделска површина.

Од Дирекцијата за заштита и спасување излегле на терен и безбедно ја подигнале експлозивната направа, а било утврдено дека станува збор за неексплодирана артилериска граната со калибар 155 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни