Грамикеле – италијанскиот „совршен шестоаголник“ што ја воодушевува архитектурата

На југоистокот од Италија, во близина на Катанија и Рагуза, се наоѓа малиот барокен град Гра микеле, познат како „градот шестоаголник“. Далеку од туристичките метежи покрај морето, овој необичен град претставува вистинска реткост во европската урбанистика поради својот совршено симетричен тлоцрт во форма на правилен шестоаголник.

Грамикеле е изграден по разорниот земјотрес во 1693 година, кој целосно го уништил средновековниот град Occhiolà. Феудалниот владетел Carlo Maria Carafa Branciforti решил да изгради нов град што ќе обезбеди побезбеден и подостоинствен живот за преживеаните. Неговиот урбанистички план, наречен „exagonum“, бил реализиран од архитектот Michele da Ferla и предвидувал три главни радијални улици што се сечат во центарот, делејќи го градот на шест еднакви квартови.

Во срцето на градот се наоѓа плоштадот Piazza Carlo Maria Carafa, монументален шестоаголен простор што претставува симбол и вистински центар на градскиот живот. Тука доминира зградата Palazzo Comunale, изградена кон крајот на 19 век, во која денес се сместени градските институции и музеј со вредни археолошки експонати, меѓу кои и оригиналната плоча со врежаниот план на градот.

Непосредно до општинската зграда се издига црквата Chiesa Madre di San Michele Arcangelo, препознатлива по својата богато украсена барокна фасада. Нејзината архитектура ја одразува типичната сицилијанска барокна традиција и симболично го претставува спојот меѓу духовната и световната власт.

На плоштадот се наоѓа и впечатлив сончев часовник, дополнет со бронзена скулптура на турскиот уметник Murat Cure, која прикажува клекнат човек обвиен со концентрични кругови, алудирајќи на минливоста на времето и човековата егзистенција.

Граммикеле и денес претставува пример што се изучува на архитектонските факултети и инспирација за урбанистите ширум светот, како редок реализиран концепт на „идеален град“ од ренесансните визии.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни