Од локален ентузијазам до национален бренд – Приказната за македонското крафт пиво на „Пиволабс“

Крафт пивото во Македонија не е само тренд, туку и израз на креативност, традиција и посветеност на квалитетот. Со поддршка од локалната заедница и потрошувачите, оваа индустрија има потенцијал да стане значаен дел од македонската економија и култура.

Македонија доживува вистинска пивска револуција, со растечка сцена на крафт пиварниците кои нудат уникатни и квалитетни пива.​ Во 2021 година, потрошувачката на пиво по глава на жител во Македонија пораснала за 10,8% и достигнала 35,2 литри. Ова ја става Македонија на 68-то место меѓу 161 земји според потрошувачката на пиво по глава на жител. ​

Првата македонска крафт пиварница е основана во 2015 година, следејќи ги традиционалните германски рецепти. ​Од тогаш производството на крафт пиво во Македонија бележи значителен раст, благодарение на ентузијазмот на младите пивари и зголемената побарувачка за уникатни и квалитетни производи. Иако пазарот на пиво во земјата е доминиран од големите брендови, крафт пиварите успеваат да привлечат внимание со својата креативност и посветеност на традиционалните методи на производство. Крафт пивото во Македонија е особено популарно меѓу младите и урбаните потрошувачи, кои бараат нови вкусови и автентични искуства. Во последните години, се појавија неколку микро-пивари кои нудат уникатни производи, често инспирирани од локалните состојки и традиции. Овие пивари не само што го збогатуваат пазарот, туку и ја промовираат културата на пивото како дел од гастрономското наследство на земјата. Тука некаде е и приказната за „Пиволабс“, мала пивара во срцето на Скопје која произведува пива со оргинален вкус.

– Приказната на „Пиволабс“ започна 2017, кога се собравме тројца пријатели кои до тогаш, ентузијастично правевме домашно пиво. Увидовме дека на оваа сцена во Македонија не е баш развиена пивската култура, па решивме да направиме една крафт пивара, која што малку ќе го зголеми дијапазонот на пивски стилови и на тој начин ја започнавме приказната. Денеска имаме досега направено отприлика десет стилови на пиво, од кои некои ги ротираме сезонски. Меѓутоа, најзастапени низ целата година ни се фоксот ПЛЛ, „Ведата“ пченичната IPA, „Калеш“ темна IPA, за којашто имаме земено грант од Фондот за иновации за иновативен производ. Исто така имаме Сешн IPA, којашто ја пласираме во летните периоди. Таа е доста ароматична, меѓутоа со нисок процент на алкохол и доста повеќе се пие во тој период. Исто така имаме „Пампкин ел“, односно со тиква и со зачини. Тоа е карактеристично за зимскиот период, оние празнични денови. Имаме пиво со кафе и ванила и сега моментално пласираме уште еден производ. Исто така правиме и една соработка со Микропоп каде што правиме чили портер, односно пиво темно пиво со чили пиперчиња. Тоа е луто пиво, така да баш интересно- вели Димо Попчев, дел од тимот на „Пиволабс“.

Кога зборуваме за развој на нови вкусови, тимот на „Пиволабс“ вели дека желбите се секогаш поголеми од можностите и од капацитетите кои ги имаат.

Димо Попчев, дел од тимот на „Пиволабс“

-Сегашните стилови кои што ги имаме веќе се конзумираат и едноставно сме ограничени со количините, односно со бројот на ферментори. Инаку желбата и предизвикот за да направиме нови стилови секогаш, меѓутоа сме ограничени во однос на капацитетите. И покрај тоа отприлика еднаш годишно сакаме да вадиме нов стил на пиво – вели Диме.

Иако велат капацотетите се ограничени, плановите се големи, а тие вклучуваат набавка на нови машини со кои производството ќе се прошири. До сега имаат четири ферментори што овозможуваат на месечно ниво да произведуваат четири илјади литри пиво.

До крајот на годината ќе набавиме дополнително опрема што ќе ни овозможи за уште илјада литри на месечно ниво да го зголемиме производството. Инаку, во Скопје особено имаме околу 15-20 локали каде што ги пласираме нашите производи и настојуваме тој број да се зголемува соодгласно капацитетите и плановите за производство кое дополнително што ќе го спроведеме во следните месеци – вели Марко Илиевски, од „Пиволабс“.

Марко Илиевски, „Пиволабс“.

Покрај желбата да се проши производството дома, дечките би сакале нивното пиво да излезе од границите на земјава. Но и тука повторно се потребни инвестиции во нови машини, погони и секако повеќе луѓе.

-Секоја година постоижелбата да се шириме надвор, односно да извезуваме, меѓутоа, никогаш не сме стигнале до тој степен да имаме капацитети да излеземе надвор од нашите пазари. Мислам дека е добро тука да се позиционираме на нашиот пазар, па понатаму да размислуваме, затоа што гледаме дека сè уште има места кои што не го пробале нашето пиво – вели Димо.

А како всушност се произведува крафт пивото во Пиволабс? Се започнува со увозот на суровини. Јачмен се увезува Белгија. Хмељот од Словенија, а квасецот од Франција. Откако ќе ги увезат производите, суровините, јачменот се меле, поминува низ мелница и се става во казаните за варење. Тој се кисне отприлика околу шесетина минути на одредена температура од шесет и пет до шесет и седум степени, зависи од стилот на пиво, и откако ќе се искисне ќе се добие таа сладовина, почнува пивото да се вари. Откако ќе се свари, во процесот на варење се ставаат хмељевите за горчина и за арома. Има голем дијапазон на хмељеви коишто даваат различни ароми. Откако ќе се свари пивото, преку чилер се лади и се префрла во ферменторите, каде што се ферментира отприлика две недели.

Крафт пиварите во Македонија играат важна улога во локалната економија, создавајќи работни места и поддржувајќи ги локалните земјоделци преку користење на домашни состојки. Дополнително, многу од нив се посветени на одржливи практики, како што се рециклирање на отпадот од производството и користење енергетски ефикасни технологии. Она што е интересно кај оваа пивница е нивната идеја за цирколаторна економија и важноста на циркулаторната економија и Zero vast.

-Уште од самиот почеток сакавме да го реискористуваме јачменот на некој начин. Најдовме неколку луѓе коишто одржуваат кокошки и свињи коишто одгледуваат и на нив им го донираме јачменот за да може да се заврши оној целиот круг на циркуларната економија. Затоа што кога ќе ги извадиме состојките, односно шеќерите од самиот јачмен, односно отпадот од самиот јачмен, тој е многу убав. Има само белковини и аминокиселини, затоа што целиот шеќер е изваден. Тоа е баш убава храна за животните, дури и за нас. Значи ние можеме од јачменот да го да правиме брашно, така да еве идеа и за понатаму, кој сака слободно, тука сме за соработка – вели Димо и додава:

-Се што правиме, правиме за да биде со одличен квалитет. И во однос на стиловите и во однос на вкусот на самото пиво, цело време се обидуваме да го подобриме, како да ја зголемиме ефикасноста од целиот процес за да го подобриме квалитетот на самото пиво.

Крафт пивото во Македонија не е само тренд, туку и израз на креативност, традиција и посветеност на квалитетот. Со поддршка од локалната заедница и потрошувачите, оваа индустрија има потенцијал да стане значаен дел од македонската економија и култура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни