Кан, град на Француската ривиера, одлучи да воведе „драстични прописи“ за крузери.
Почнувајќи од следната година, на бродовите со повеќе од илјада луѓе нема да им биде дозволен пристап до градското пристаниште. Домот на најголемиот филмски фестивал во светот, со тоа, се приклучува на растечката глобална реакција против прекумерниот туризам.
- Помалкубројни, помали по големина, помалку загадувачки и естетски поубави – ова е целта на советниците од Кан кои во петокот гласаа за воведување нови ограничувања за крузерите почнувајќи од 1 јануари.
Само бродови со помалку од 1.000 патници ќе можат да влезат во пристаништето. Дополнително, максимум 6.000 патници дневно ќе можат да се истоварат. Се очекува поголемите бродови да превезуваат патници на помали бродови за да влезат во Кан.
Франција, која минатата година привлече околу 100 милиони посетители – повеќе од која било друга европска земја и повеќе од сопственото население – е меѓу лидерите во напорите за балансирање на економските придобивки од туризмот со неговите негативни последици, како што се еколошките проблеми и зголемувањето на застојот.
- Кан стана главна дестинација за крузери, со реални економски придобивки. Не станува збор за забрана на крузери, туку за регулирање, организирање и поставување упатства за нивното пловење – рече градоначалникот Дејвид Лиснар.
Операторите на крузери ги оценија ваквите ограничувања како штетни за дестинациите и патниците. На пример, два крузери денес се закотвија во Кан. И двата имаа повеќе од 1000 патници.
Блискиот медитерански град Ница објави ограничувања за крузерите претходно оваа година, како и некои други европски градови.