Градоначалникот на Пула: „Томпсон нема да пее во Пула додека сум јас на власт“

Градоначалникот на Пула, Пеџа Грбин, изјави дека Марко Перковиќ Томпсон нема да добие дозвола за настап во Арената во Пула додека тој е на власт, поради тоа што програмата мора да биде во согласност со градските вредности.

Музичарот Марко Перковиќ Томпсон овој викенд одржа два концерта во Пореч и во салата се слушаше усташкиот поздрав „За дом спремни“. На еден транспарент кој го носеа неговите обожаватели пишуваше: „Истрија се крена од сенката, пулската Арена те чека“.

Томпсон, според Вечерњи лист, истакнал дека постои интерес за концерт во Пула, но дека уште не е време:
„Пула е исто така хрватски град, но ќе почекаме малку“, рече тој.

Чекањето може да потрае, бидејќи градоначалникот на Пула, Пеџа Грбин, нема да му издаде дозвола за настап во Арената во Пула. Ова правило важи не само за Арената, туку и за сите други простори кои ги управува градот.

Грбин објасни дека во правилникот за одржување на програми во амфитеатарот стои дека термин за настан може да се додели само за програма која е од интерес за градот Пула и која не е спротивна на вредностите утврдени во Статутот на градот.

Тој не коментирал за настапите на Томпсон во Пореч, каде што локалните власти под водство на шефот на IDS, Лорис Першуриќ, не забраниле концерти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни