Градоначалничката на Стразбур, Жан Барсегија сподели видео со српските студенти „Добредојдовте во Стразбур“.

Неколку моменти по нивното пристигнување и средбата со европратениците, таа во описот на својот профил дури и додаде емотикон на велосипедист, што ги воодушеви следбениците од Србија.

Градоначалничката на Стразбур, Жан Барсегија, сподели на Инстаграм видео од пристигнувањето на српските студенти велосипедисти, со опис: „Добредојдовте во Стразбур“.

Неколку моменти по нивното пристигнување и средбата со европратениците, таа во описот на својот профил дури и додаде емотикон на велосипедист, што ги воодушеви следбениците од Србија.

Во коментарите на објавата, луѓето ѝ се заблагодарија за топлиот пречек и поддршката, а многумина ѝ порачаа „да продолжи да пумпа“, фраза што меѓу младите станува синоним за поддршка и позитивна енергија.

Студентите им предадоа писмо на европратениците, во кое опишаа преку какви тортури поминале, особено поради настанот од 15 март, кој го опишаа како најголем собир на кој било употребено забрането оружје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни