Граѓаните повторно повикуваат на бојкот на маркетите во петок. Мотото е „Црн петок за маркетите“.
Граѓаните се револтирани од цените на основните продукти кои постојано растат. Во меѓувреме пропадна владината мерка „новогодишна кошничка“.
Инаку бојкот имаше и минатиот петок, а според податоците на Управата за јавни приходи(УЈП), прометот на маркетите бил преполовен, а во саботата, ден по бојкотот бил зголемен за 11 отсто споредбено со претходната сабота. Граѓаните сметаат дека цените на храната се високи. Идејата македонските граѓани ја видоа од Хрватите. Бојкот во петокот имаше и во Црна Гора и тој беше успешен.