Шок на бензинските: горивата поскапуваат до 7 денари по литар

Регулаторната комисија за енергетика најави нови цени што стапуваат на сила од полноќ – растот на светските цени на нафтата и посилниот долар го зголемија трошокот за горивата.

Бензините и дизелот од полноќ поскапуваат, а цената на некои горива ќе се зголеми и до 7 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според новата одлука, која стапува на сила од 17 март во 00:01 часот, максималните малопродажни цени на горивата ќе изнесуваат:

– ЕУРОСУПЕР БС-95: 86,50 денари за литар
– ЕУРОСУПЕР БС-98: 88,50 денари за литар
– ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 92,00 денари за литар
– Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 89,50 денари за литар
– Мазут М-1 НС: 47,453 денари за килограм

Бензините и екстра лесното масло поскапуваат за 7 денари по литар, додека дизелот се зголемува за 6,5 денари по литар. Цената на мазутот се зголемува за 4,867 денари по килограм.

Од Регулаторната комисија велат дека новата пресметка е резултат на растот на цените на нафтените деривати на светските берзи, како и на зајакнувањето на американскиот долар во однос на денарот во изминатите денови.

Според податоците на РКЕ, референтните цени на светскиот пазар бележат значителен раст: бензините се поскапени за околу 16,9 проценти, дизелот за 11,7 проценти, екстра лесното масло за 13 проценти, а мазутот за околу 14,6 проценти.

Истовремено, Регулаторната комисија им укажа на нафтените компании да ги намалат цените за 2 денари по литар согласно договорениот попуст со Владата и добавувачот ОКТА, со цел граѓаните директно да го почувствуваат ефектот од ова намалување.

И покрај зголемувањето, од РКЕ велат дека цените на нафтените деривати во Северна Македонија и понатаму остануваат меѓу најниските во регионот и Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни