Горењето на гас создаде 389 милиони тони јаглеродно загадување во 2024 година

Горењето на гас (flaring) е метод за ослободување од гасови како метан, кои се појавуваат при вадење нафта од земја. Иако во некои случаи тоа се прави за безбедност на работниците, праксата е рутинска во многу земји бидејќи е поевтино да се изгори гасот отколку да се собере, транспортира, преработи и продаде.

Нафтената и гасната индустрија во текот на минатата година испушти дополнителни 389 милиони тони јаглеродно загадување во атмосферата преку непотребно палење на гас, покажува извештајот на Светската банка – што претставува „огромно расфрлање“ на гориво, со влијание врз климатата слично на цела Франција.

Горењето на гас (flaring) е метод за ослободување од гасови како метан, кои се појавуваат при вадење нафта од земја. Иако во некои случаи тоа се прави за безбедност на работниците, праксата е рутинска во многу земји бидејќи е поевтино да се изгори гасот отколку да се собере, транспортира, преработи и продаде.

Според извештајот, фларирањето глобално пораснало втора година по ред и достигнало највисоко ниво од 2007 година. Во 2024 година се изгореле 151 милијарда кубни метри гас, што е зголемување од 3 bcm во однос на 2023 година

„Фларирањето е непотребно расфрлање“, рече Зубин Бамџи, менаџер на Глобалното партнерство за намалување на фларирањето и метанот (GFMRP).
„Тоа е пропуштена можност да се зајакне енергетската безбедност и да се подобри пристапот до сигурна енергија.“

Во многу случаи, законите се слаби, слабо спроведувани а компаниите немаат мотив да престанат, бидејќи не плаќаат за загадувањето што го создаваат

Девет земји одговорни за 75% од јаглеродното загадување во 2024:

  1. Русија
  2. Иран
  3. Ирак
  4. САД
  5. Венецуела
  6. Алжир
  7. Либија
  8. Мексико
  9. Нигерија

Повеќето од овие земји имаат државни нафтени компании, истакнува извештајот

Извештајот открива дека интензитетот на јаглеродно загадување – односно колку гас се гори по произведен барел нафта – останал речиси непроменет последниве 15 години.

Во Норвешка, која има најчиста нафтена индустрија, интензитетот на фларирање е 18 пати понизок од САД и 228 пати понизок од Венецуела

Експертот Ендру Бакстер од EDF изјави:
„Таквиот степен на фларирање е ужасно трошење на ресурси. Тоа е катастрофално за климата и за човековото здравје.“

Меѓународната агенција за енергија (IEA) повика на целосно укинување на фларирањето до 2030, освен во итни случаи. Вредноста на изгорениот гас лани се проценува на 63 милијарди долари, што е повеќе од половина од трошоците за целосно запирање на праксата.

Некои земји успеале да го намалат фларирањето, како:

  • Ангола
  • Египет
  • Индонезија
  • Казахстан – го намалил фларирањето за 71% од 2012, благодарение на строги казни за прекршувачите

„Потребни ни се повеќе такви акции и поголема поддршка за земјите со ниски приходи кои имаат високи нивоа на фларирање,“ вели Бенкс.

Извештајот, изготвен од GFMRP, користи сателитски податоци и вклучува некои од најголемите загадувачи во светот. Финансиран е од компании и држави како: BP, Shell, TotalEnergies, Equinor, САД, Норвешка, ОАЕ.

Земјите кои ја поддржале иницијативата за укинување на фларирањето до 2030 го намалиле интензитетот на фларирање во просек за 12%. Земјите кои не се приклучиле – го зголемиле за 25%

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни