Google објави вонредно безбедносно ажурирање за својот интернет-прелистувач Chrome, поради повеќе сериозни ранливости што може да бидат искористени од хакери. Компанијата апелира до сите корисници веднаш да го инсталираат новото ажурирање за да ги заштитат своите системи.
Кои се најголемите закани?
Два од идентификуваните пропусти се класифицирани како „висок ризик“:
- CVE-2025-6191 – ранливост во V8 Javascript моторот, една од клучните компоненти на Chrome.
- CVE-2025-6192 – грешка во управување со меморијата, која може да овозможи напад од далечина и пристап до други уреди.
Дополнително, Google коригираше и други безбедносни слабости, но деталите ќе бидат објавени подоцна, кога повеќето корисници ќе имаат инсталирано ажурирање, со цел да се спречи нивна злоупотреба.
Како да го ажурирате Chrome?
Ажурирањето најчесто се инсталира автоматски по рестартирање на прелистувачот, но можете и сами да го проверите:
- Отворете Google Chrome на вашиот компјутер.
- Кликнете на трите точки (горе десно) → „Помош“ → „За Google Chrome“.
- Ако е достапно ажурирање, ќе се појави опцијата „Ажурирај Google Chrome“.
- Кликнете на „Рестартирај“ за да се примени ажурирањето.
Доколку не сакате веднаш да го затворите Chrome, можете да изберете „Не сега“ – ажурирањето ќе се инсталира при следното отворање на прелистувачот.
Кои верзии се ажурирани?
- Windows и macOS: 137.0.7151.119/.120
- Linux: 137.0.7151.119
Ажурирањето ќе се применува постепено во следните денови, но корисниците на постари верзии се охрабруваат веднаш да го инсталираат, за да се заштитат од можни безбедносни закани.
„Редовно проверувајте дали има нови ажурирања за да обезбедите максимална заштита“, порачуваат од Google.