Наместо провокативни стајлинзи и фустани кои повеќе откриваат отколку што покриваат, акцентот оваа година ќе биде ставен на суптилноста и, како што велат организаторите, „повисоко ниво на пристојност“.
Во изминатите години, бројни ѕвезди предизвикуваа бурни реакции во јавноста поради таканаречените „голи“ фустани — модели кои повеќе наликуваа на илузија отколку на облека. Додека некои ги поздравуваа овие модни избори како смели и уметнички, други ги сметаа за непримерени за фестивал кој ја слави филмската уметност.
Но оваа година, дилемите завршуваат. Новите правила се јасни – разголената кожа веќе не е добредојдена. Забраната не се однесува само на црвениот тепих, туку и на сите фестивалски настани. Лицата кои нема да се придржуваат до новите насоки, нема да бидат пуштени на настаните – без разлика на нивниот статус или популарност.
Овој потег многумина го толкуваат како враќање кон вредностите на елеганцијата, каде што вниманието се насочува кон кроевите, деталите и начинот на кој облеката говори за личноста, а не за нејзиното тело. Оваа година се очекуваат женствени силуети, префинети кроеви и суптилен гламур.
Иако се шпекулира дека телевизиските куќи кои го пренесуваат фестивалот можеби влијаеле на оваа одлука, за да биде содржината поприфатлива за различни култури и возрасни групи, официјални потврди за тоа нема.
- издание на Канскиот фестивал ќе се одржи од 13 до 24 мај. Освен филмовите, внимание сигурно ќе привлечат и новите модни правила – и ќе биде интересно да се види како славните личности ќе се прилагодат на нив.