Голема колона ученици од Земунската и Десеттата гимназија тргнаа кон Собранието – Дијана Хрка шести ден во штрајк со глад

Дијана Хрка, мајка на трагично загинатиот Стефан, шести ден штрајкува со глад пред Собранието. Ученици, студенти и професори ѝ даваат поддршка, додека протестите се шират низ цела Србија.
epa12505499 People shout slogans during a protest in front of the Serbian's Parliament building in Belgrade, Serbia, 05 November 2025. Diana Hrka, mother of one of the victims of the Novi Sad accident, began a hunger strike outside Serbia’s Parliament, demanding accountability for the collapse of a railway station canopy on 01 November 2024 that killed 16 people. EPA/ANDREJ CUKIC

Шести ден по ред Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, младиот човек кој трагично загина при пад на настрешница на железничката станица во Нови Сад, продолжува со својот штрајк со глад пред Народното собрание во Белград.

Секојдневно ѝ пристигнуваат поддршка од студенти, средношколци и граѓани, а денес кон Собранието се движи голема колона ученици од Земунската и Десеттата (X) гимназија, како и од Графичката школа, кои ја бојкотираат наставата за да искажат солидарност.

Поддршка од цела Србија

Студенти од Ниш ја минале ноќта во шатори во близина на шаторот на Хрка, додека професори од Осмата гимназија поставиле штанд и организирале дежурства за постојана поддршка.
„Сакаме на секој начин да ѝ покажеме дека сме со неа. Можете да замислите колку ѝ е тешко, особено во ова студено време“, изјави професорот Слободан Главичиќ за N1.

Протести и апсења во Нови Сад

Во Нови Сад се одржа протестен собир во нејзина поддршка, каде што синоќа беа приведени три лицаСандра Адам од движењето „Браво“, Ана Обрадовиќ Пантелиќ од Зборови Нови Сад и Роберт Силберхолц. Тие беа уапсени поради симболичен чин – оставање отпечатоци од црвени дланки и бројот 16 на металните ролетни од просториите на Српската напредна партија.
Против нив е покрената прекршочна постапка за „непристојно однесување“.

Граѓаните од Нови Пазар за вечерва најавија собир во 18 часот, во знак на солидарност со Хрка.

Дијана Хрка денес го повика претседателот Александар Вучиќ на разговор, барајќи одговорност и конкретни чекори од властите за несреќата во која загина нејзиниот син.
Таа нагласува дека нејзината борба е борба за правда, достоинство и човечност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни