Голема инвестиција на Данска за одбрана на Гренланд

Данското Министерство за одбрана денеска објави огромни нови трошоци за одбраната насочени кон Гренланд, арктичката територија богата со минерали и природни ресурси за која Копенхаген претендира и која новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп сака да ja придобие, јави ДПА.

Данскиот министер за одбрана Троелс Лун Поулсен рече дека одбранбениот пакет ќе изнесува „двоцифрен износ во милијарди“. Десет милијарди дански круни се еднакви на речиси 1,5 милијарди долари, објаснува ДПА.

Парите ќе бидат наменети за купување на два патролни чамци од класата „Тетис“, два дрона со долг дострел и за набавка на два екипажи за кучиња со санки, што исто така ќе помогне да се зголеми бројот на персоналот за данската арктичка команда, изјави Поулсен за весникот „Јуландс постен“.

„Долги години не инвестиравме доволно на Арктикот, сега планираме посилно присуство“, рече министерот.

Министерот за одбрана нагласи дека Данска не може сама да ја набљудува огромната територија на Гренланд.

„Нема конкретни планови, но ќе работиме со САД“, рече Поулсен.

Трамп на својата платформа „Tryth Social“ напиша дека апсолутно неопходно е САД да ја преземат сопственоста и контролата врз Гренланд за, како што наведе, националната безбедност и слободата ширум светот. Тоа доведе до дипломатски спор меѓу Вашингтон и Копенхаген, кој го нарече планот „апсурден“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни