Голем пресврт: Трамп попушти со царините кон Кина – „Ќе бидеме љубезни“

САД и Кина, двете најголеми светски економии, досега си воведоа рекордно високи царини, што ги потресе глобалните пазари, ги наруши синџирите на снабдување и ги зголеми стравувањата од рецесија.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја најави можноста за ублажување на трговската војна со Кина, наведувајќи дека високите царини на кинеската стока „значително ќе се намалат, но нема да бидат нула“.

На прес-конференција во Белата куќа, Трамп го смири претходниот остар тон, по неколку недели на взаемни мерки кои доведоа до тоа царините на кинеските производи да достигнат и до 145%.

„145% е многу високо и нема да остане на тоа ниво“, рече Трамп одговарајќи на прашања од новинарите во Овалната соба. „Нема ни да биде блиску до тоа. Значително ќе падне. Но нема да биде нула.“

Изјавите на Трамп дојдоа по коментарите на министерот за финансии Скот Бесент, кој порано во текот на денот изјави дека сегашните царински стапки помеѓу САД и Кина практично ја блокирале трговијата меѓу двете земји.

Бесент на приватна инвестициска конференција организирана од JP Morgan Chase рече дека смета оти трговскиот конфликт со Кина е неодржлив и дека наскоро очекува деескалација на конфликтот, потврди извор за CNN.

Наместо целосно раздвојување, Бесент им рекол на инвеститорите дека целта е балансирање на трговските односи – оценка која дополнително го поттикна оптимизмот на берзите. Откако неговите изјави станаа јавни, сите три главни американски берзански индекси достигнаа највисоки дневни вредности, пренесе Index.hr.

Оптимистичкиот тон од Вашингтон се пренесе и на азиските пазари: хонгконшкиот Hang Seng порасна за 2.5%, јапонскиот Nikkei 225 за 2%, а јужнокорејскиот Kospi за 1.5%.

САД и Кина, двете најголеми светски економии, досега си воведоа рекордно високи царини, што ги потресе глобалните пазари, ги наруши синџирите на снабдување и ги зголеми стравувањата од рецесија.

Кина досега остана цврста во ставот и продолжи со контрамерки: ги зголеми царините на американска стока до 125%, сè повеќе американски компании ги стави на листата на ненадежни субјекти и го ограничи извозот на критични минерали кои се користат во производството на iPhone уреди, но и воени системи.

Исто така, Кина го ограничи прикажувањето на холивудски филмови во кината и врати најмалку два авиони Boeing што биле наменети за кинески авиокомпании.

И покрај трговските тензии, Трамп повеќепати тврдел дека има „многу добар однос“ со кинескиот претседател Си Џинпинг и дека чека тој да се јави. Според извештајот на CNN, тимот на Трамп нема да го направи првиот чекор.

Наместо преговори со Трамп, Си Џинпинг започна дипломатска офанзива со други трговски партнери, обидувајќи се да се спротивстави на американскиот притисок.

Вчера Трамп повторно изрази надеж за преговори со Си и најави помирлив тон:

„Не, не, ќе бидеме многу љубезни. Тие ќе бидат многу љубезни и ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп на прашање дали САД ќе настапат цврсто кон Кина или претседателот Си, и дали ќе се спомене пандемијата на ковид-19 во разговорите.

„На крајот, тие ќе мора да постигнат договор. Во спротивно, нема да можат да прават бизнис во САД, а ние сакаме да бидат вклучени. Мислам дека ќе живееме многу среќно заедно, во идеален сценарио, и ќе соработуваме. Верувам дека сето тоа ќе заврши многу добро“, додаде тој.

Кинеската страна сè уште ги остава вратите отворени за преговори, но под услов тие да се базираат на рамноправност.

Извор близок до кинеската влада изјавил за CNN дека Кина е подготвена за разговори, но само ако се водат со „почит“, доследност и заемност – квалитети кои, како што тврдат, недостигаат во пристапот на Трамп.

Пред Трамп на 2 април да најави нови царини, Пекинг веќе имал назначен преговарач, но не било јасно кој ќе ги води разговорите од американска страна. Според истиот извор, Трамп сака лично да ги води преговорите, што не е компатибилно со начинот на кој Кина води билатерални односи.

Изворот исто така навел дека молкот на Трамп околу острите и често непријателски ставови на членовите на неговата администрација кон Кина имплицира негово преќутно одобрување, и покрај изјавите дека го почитува и цени претседателот Си.

На почетокот на месецот, Пекинг остро реагираше на изјавите на потпретседателот на САД Џеј Ди Венс, кој во едно интервју ги спомена „кинеските селани“, што предизвика бран бес и потсмев на кинеските социјални мрежи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни