„Гола Планина“ организира фестивал „Сепак се врти“ во Градски парк

Во Градскиот парк во Скопје, во делот кај сцената „Лепеза“, на 3 март од 12 часот ќе се одржи првото издание на „Сепак се врти“, потполно независен DIY фестивал на колективот „Гола Планина“, за кој велат дека му пркоси на зачмаеното стоење во место со музика и другарство.

„Додека градот се дави во сопствената статика, овој фестивал е тука да докаже дека светот не се врти околу скопската ентропија“, потенцираат од „Гола Планина“.

Присуството е бесплатно, но заинтересираните можат да го поддржат фестивалот со тоа што ќе си купат „карта-стикер“ во „Котур“, „Буква“, „Олд Скул“, „Микропаб“, како и со донации на самиот настан.

„На целодневниот фестивал ќе можете и да си купите мерч од сите бендови кои ќе настапуваат, а и другите бендови на ‘Гола Планина’“, соопштуваат од колективот.

Најавени во музичката програма се: АТА, Црно Собрание, Conspiracy, Ендемски Вид, Јоана Ристеска, Кокиче, Кенопсија, КЕМ, Lost in Reverie, Огнен Златанов, Peach Vice и Vagina Corporation.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни