Годишното возење во метро без панталони во Лондон ќе се случи викендов

Јануари е, и додека за многу жители на Лондон првиот месец од годината значи откажување од алкохолот, здраво јадење и премногу амбициозен нов режим на вежбање, за други, тој го означува враќањето на малку чудниот годишен настан – возењето во јавен превоз без панталони.
Фото: Samantha Rea/TimeOut

Возењето во јавен превоз низ Лондон без панталони се враќа повторно во 2025 година, со стотици луѓе кои се очекува да учествуваат.

Фиестата без панталони ќе се одржи во недела на 12 јануари. Организаторите замолуваат учесниците да бидете целосно облечени до овој момент, односно да понесат торба во која ќе ги чуваат гардеробата кога ќе дојде време да се соблечат.

Како функционира настанот?

Учеството во акцијата е бесплатено, а учесниците треба да се појават во метрото. Организаторите ќе ги поделат учесниците во групи и ќе се упатат до најблиската метро станица. Откако ќе влезат во станицата, ги соблекуваат пантолоните и забавата почнува.

Која е поентата на сето тоа?

Според организаторите возењето во метро без панталони е само малку дрска забава. Тоа не е поврзано со никакви добротворни организации или давање некаков вид политичка изјава – традицијата започна во Њујорк во 2002 година и опстојува до ден-денес. Целата поента е да останете максимално ноншалантни и покрај вашата тоа што сте без пантолони.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни