Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ објавува конкурс за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата.
Се работи за доделување на две годишни награди во следните категории:
Најдобар новинарски труд, односно стручен труд подготвен од граѓански организации и поединци. Наградата е во износ од 3.000 евра во денарска противвредност.
Втората награда е за едукативна мултимедијална содржина подготвена од млади од 18 до 28 години, каде што на креативен и иновативен начин се употребени информациско-комуникациските технологии, со цел да допрат до младите и да ги едуцираат да се јакне отпорноста од дезинформациите. Наградата во оваа категорија е 1.000 евра во денарска противвредност.
Рокот за пријавување е први септември 2024 година.
Сите детали за конкурсот се објавени веб сајтот на Метаморфозис каде што може да се симнат и формите за учество. https://metamorphosis.org.mk/aktivnosti_arhiva/metamorfozis-objavuva-godishna-nagrada-ilija-zupanoski/
Жупаноски инаку беше советник за дигитални комуникации на премиерите Зоран Заев, Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски и имаше ангажман во демократизацијата на дигиталните комуникации на Владата од 2017 од ноемеври 2023. Тој беше активен борец против дезинформациите и против хибридните и сајбер напади врз демократиите, со огромно домашно, регионално и меѓународно искуство. Почина недадејно во ноември минатата година на 41 годишна возраст.