Глувците можат да пренесуваат болести како лептоспироза и хантавирус, а само во Велика Британија, од почетокот на 2023 до средината на 2025 година, се пријавени повеќе од половина милион глувци. Но, проблемот не е само таму: големите градови како Вашингтон, Њујорк, Сан Франциско, Торонто и европските метрополи, меѓу кои Амстердам, се соочуваат со слични предизвици.
Според истражувачот Боби Кориген, зголемувањето на бројот на глувци е последица од климатските промени, сè поголемите температури, брзата храна и неправилното фрлање и складирање на отпад. „Иако точниот број е тешко да се утврди, се проценува дека само во Велика Британија има од 10 до 120 милиони глувци“, додава Клив Бери, експерт за контрола на штетници.
Топол град – рај за глувците
Истражување објавено во списанието Science Advances покажува дека градовите со повисоки температури бележат поголема активност на глувците. Така, во Вашингтон бројот на глувци се зголемил за речиси 400%, во Сан Франциско за 300%, а во Њујорк за 160%. Студии покажуваат дека глувците не поднесуваат ниски температури, па потоплите зими им овозможуваат брзо размножување. Женките можат да имаат шест легла годишно, со по 12 младенчиња во секое, кои стануваат полово зрелите веќе во десеттата недела од животот – што значи дека само еден пар глувци може да роди над 1.000 нови поединци годишно.
Градовите се идеални за глувците бидејќи асфалтот и зградите го задржуваат топлото, а со урбанизацијата и намалувањето на нивните природни станишта, тие се сè поблиску до луѓето.
„Супермоќ“ на глувците
Контролата на глувците е тешка, бидејќи тие се многу претпазливи кон новата храна и имаат генетска отпорност на многу отрови. „Новата храна ја мирисаат и пробуваат во минимални количини. Дури кога ќе се уверат дека е безбедна, тогаш јадат. Тоа е причината зошто класичните отрови често не делуваат“, објаснува професор Стивен Белман од Универзитетот во Гринвич.
Во Њујорк, каде што се проценува дека има околу три милиони глувци, е формирана „академија за глувци“. Нејзината основачка, наставничка наречена „царица на глувците“, организира предавања за граѓаните за да ја подигне свеста за опасностите и поставува специјални канти за отпад што се отпорни на глувци. Целта е да се намали нивната храна и да се прекине ланецот на исхрана.
Прекумерни канти и брза храна – совршена средина за глувците
Експертот за дертизација Алекс Донован предупредува дека лошите навики на луѓето, како преоптоварени канти за отпад со храна, создаваат идеални услови за преживување на глувците. „Ги игнориравме глувците, а сега ситуацијата излезе од контрола и плаќаме висока цена“, заклучува тој.
Извор: N1info.rs