Внимание ги праша љубителите на филмот што значи мотото на фестивалот „Дримшорт 2025“ во Струга – „Гледај филмови, нема каде да се бега“. Еве што ни кажаа: „Филмовите се начин да избегнеме од реалноста, но сепак да ја пронајдеме реалноста во нив“, „Гледај филм, да се едуцираш, и да научиш нешто“, „Да почнеме поише филмови да гледаме него у телефони“, „Единствено филмовите можат да не однесат на некое поубаво место, бидејќи навистина нема каде да се бега – ни Европа, ни Америка, Африка, ни Азија – секаде станува страшно“, „Дека треба да избегаш од реалноста, да одмориш малку, тоа е тоа – гледај филмови, не се замарај!“
Стружани ни кажаа и кои кратки филмови најмногу им се допаднале, но и во кој филм се младите стружанки и стружани во август 2025. Повеќето стружани се убедени дека Струга може да му конкурира и на Охрид во културна понуда.
Ако сакате да дознаете и „Што и фали повеќе на Струга во лето – ди џеј сетови и концерти, или можеби поетски вечери“ – гледајте ја најновата анкета на „Внимание“.
Зашто, како во Струга нема анкета друга!