Војната во Иран ги крева цените на ѓубривото, расте стравот од поскапа храна

Цените на минералните ѓубрива пораснаа за 30 до 40 отсто од почетокот на годината, што претставува сериозен ризик за глобалните цени на храната, предупредуваат експерти.

Според германското здружение „Рајфајзен“, вредностите на азотните ѓубрива се доближуваат до рекордните нивоа забележани по почетокот на војната во Украина во 2022 година.

Иако ефектите сè уште не се целосно почувствувани во Европа, поради тоа што земјоделците веќе ги обезбедиле потребите за пролетната сезона, експертите предупредуваат дека ситуацијата може брзо да се влоши.

Продолжувањето на конфликтите и нестабилноста на енергетските пазари директно влијаат врз трошоците за производство во земјоделството.

Клучниот фактор е природниот гас, кој учествува со околу 90 проценти во производството на амонијак и азотни ѓубрива.

Поради високите цени, постои ризик земјоделците да користат помали количини ѓубриво, што би довело до намалени приноси.

Тоа, пак, би значело дополнителен притисок врз цените на храната на глобално ниво.

Експертите предупредуваат дека ова е уште еден сигнал колку силно се поврзани енергијата, земјоделството и храната во современата економија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни