Гикас: Цените на билетите за траектите во Грција нема да се зголемат во 2025 година

Би рекол дека цените на билетите за траектите се исти како лани и не се очекува да се зголемат во 2025 година, посочи заменик-министерот за поморство на Грција Стефанос Гикас во интервју за првиот канал на грчкото државно радио, јави дописничката на МИА од Атина.

Со оглед на тоа што од 1 мај стапуваат во сила новите регулативи на ЕУ кои наметнуваат дополнителни трошоци за бродскиот превоз, поради употребата на поеколошки горива, со што се очекува да ги зголемат цените на билетите, грчката Влада, за да ги задржи цените на исто ниво со амандман ќе ги намали пристанишните такси за 50 отсто.

Заменик-министерот за поморство објасни дека Владата прави напори и е во комуникација со бродските компании, со цел да се задржат цените на исто ниво, особено со конкретниот амандман.

-Сметам дека сме на многу добар пат и по усвојувањето на овој амандман. Што вели амандманот? Амандманот вели дека посебната такса за користење на пристаништа (пристанишни такси) се намалува за 50 отсто. На пример, патник кој плаќа билет, 2,5 проценти од вредноста на билетот оди за пристаништето на поаѓање и 2,5 отсто за пристаништето на пристигнување. Ова се намалува за 50 проценти. Исто е и за автомобилите, објасни Гикас и истакна дека со ова очекуваа цените да останат на исто ниво како и лани. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни