Германското МНР со одговор на руските измислици за окупацијата на Полска: Сериозно?

Руското МНР се обиде да прикаже алтернативни факти за окупацијата на Полска во 1939 година, германското МНР им ги разобличи лагите.

На X, руското Министерство за надворешни работи објави дека на 17 септември 1993 година, Црвената Армија започнала воена операција во источните региони на Полска, за да се спречи геноцид на населението во Западна Белорусија и Западна Украина, на што добија интересен одговор од германското МНР.

На ваквата објава на руското министерство, реагираа од германското МНР кои само ги прашаа „Сериозно?“ и ја објавија мапата за планираната поделба на Полска креирана од Нацистичка Германија и СССР договорена со пактот Молотов-Рибентроп.

Пактот Молотов-Рибентроп е договор помеѓу Москва и Берлин што на крај доведе до поделба на Полска и го осуди светот на шест години војна. Пактот бил претставен како договор за ненапаѓање помеѓу Нацистичка Германија и Советскиот сојуз, но содржел и таен анекс за поделба на централна и источна европа во две посебни сфери на влијание. Романија, Полска, Литванија, Летонија, Естонија и Финска беа цел на поделба на сфери на влијанија во овој таен анекс.

 „Во случај на територијална и политичка трансформација на териториите кои припаѓаат на полската држава, границата на интересните зони на Германија и на СССР ќе се движат отприлика по течението на реките Нарев, Висла и Сан“ гласи членот.

Овој пакт го изненадил светот, бидејќи значел дека две спротивни идеологии, се договараат да ги стават нивните разлики настрана за нивните територијални претензии со што се наруши целиот политички и воен баланс во Европа. Потпишувањето на пактот прашањето за нова светска војна го сменил од „дали“ во „кога“ таа ќе започне.

Фото: Wikimedia Commons / Public domain

На 1 септември 1939 година, Германија го започна нападот на Полска. Верен на неговата макијавелистичка природа, Сталин се спротивставил на искушението да нареди сопствена инвазија на Полска, избирајќи наместо тоа да одвои време за да ја одмери реакцијата на западните сојузници.

Иако Франција и Велика Британија прогласија војна против Германија на 3 септември, можноста дека тие воено ќе нападат се виде дека е неоснована, поради што Сталин им нареди на своите сили да го освојат источниот дел од Полска на 17 септември.

Како и секогаш, Сталин имаше изговор за својот напад. Молотов му рече на полскиот амбасадор во Москва дека Сталин само им наредил на војниците да влезат во Полска поради „распадот“ на полската влада. Советскиот Сојуз, тврди Молотов, бил обврзан да испрати војници во Полска за да ги заштити народот на Украина и Белорусија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни