Најголемите разузнавачки експерти на Бундестагот повикуваат на формирање на европска шпионска мрежа, предупредувајќи дека Европа не може да се потпре на разузнавачки податоци од Соединетите Американски Држави среде се поголемата неизвесност во односите, пренесува Политико.
Константин фон Нок, претседател на германскиот парламент за надзор на разузнавачките служби, повика Германија и нејзините европски сојузници да воспостават сопствена мрежа за размена на разузнавачки податоци.
„Нам ни е потребен формат на европска разузнавачка соработка — наречете го „Euro Eyes“, за да се осигураме дека силни држави можат брзо и безбедно да разменуваат информации врз јасни правни основи. Не можеме да избегнеме да ги зголемиме нашите разузнавачки способности во иднина“, изјави тој за Политико.
Одлуката на ЦИА да ја суспендира размената на разузнавачките податоци со Украина — што беше потврдено од директорот Џон Ретклиф — ја зголеми загриженоста дека слични ограничувања би можеле да се проширaт и на Германија.
„Ова е промена на парадигмата која би нè погодила многу сериозно. Декади се потпиравме на капацитетите на американската разузнавачка служба. Ако ни се одземе ова, мора да развиеме брзи алтернативни структури“, изјави за Политико Редерих Кизеветер, заменик-претседател на комитетот на Бундестагот за надзор на разузнавачките служби.
Германските безбедносни агенции долго време зависеле од американските разузнавачки служби за следење на терористички закани, сајбер напади и шпионски активности.
Кизеветер предупреди дека ако Германија остане без пристап до американските разузнавачки податоци, може да ги изгуби овие важни рани предупредувања.
ЦИА во 2007 година пресретнала мејлови од „групата Заурланд“, исламистичка ќелија која планирала бомбашки напади во Германија. Американската разузнавачка служба ги споделила информациите со германските безбедносни власти, овозможувајќи им да спречат напад.
Американските агенции во 2023 година ги известиле германските власти за двајца мажи, поврзани со Иран, кои се сомневаат дека подготвувале хемиски напад во западниот град Кастроп-Рауксел. Фон Нок нагласи дека разузнавачката соработка е од взаемна корист.
„Тоа никогаш не била еднонасочна улица — Германија, заедно со другите партнери, исто така придонесува во разузнавачките напори за САД“, рече тој.
Но, поради она што Кизеветер го опишува како „непредвидливост“ на американскиот претседател Доналд Трамп, германските законодавци истражуваат начини за зајакнување на алтернативни сојузи.
Фон Нок предложи продлабочување на врските со таканаречениот сојуз „Фајф Ајс“ (Five Eyes) — долгогодишно партнерство за размена на разузнавачки податоци помеѓу Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд и САД — но предупреди дека Европа не смее да се потпира исклучиво на оваа мрежа.
Наместо тоа, тој тврди дека европските земји треба да изградат свој систем за размена на разузнавачки податоци што ќе ги одразува нивните специфични безбедносни потреби и ранливости.
Предлогот за формирање на „Euro Eyes“ ја одразува пошироката притисок во Европската унија за создавање на домашна разузнавачка соработка, наведува Политико.