Германија почна евакуација на своите граѓани од Блискиот Исток – патниците ќе плаќаат по 500 евра за лет

Утрово во Германија пристигна авион на „Луфтханза“ од Мускат, главниот град на Оман, кој бил изнајмен од германската влада.

Германската влада започна со евакуација на своите државјани од Блискиот Исток, а сите граѓани кои ќе бидат евакуирани ќе треба да платат по 500 евра за покривање на трошоците за летот, објави германската новинска агенција ДПА.

Утрово во Германија пристигна авион на „Луфтханза“ од Мускат, главниот град на Оман, кој бил изнајмен од германската влада. На летот со ознака LH345 се наоѓале патници кои биле избрани од владата за евакуација.

Како и десетици илјади други луѓе, тие останале заглавени во регионот на Персискиот Залив по американскиот напад врз Иран, поради што морале по копнен пат да бидат пренесени до Мускат, од каде што започнала нивната евакуација со авион.

„Работиме со полна пареа за туристите безбедно да се вратат дома, кај своите пријатели и семејства“, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

Според проценките, најмалку околу 30.000 германски туристи сè уште се наоѓаат заглавени во регионот. Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека сите државјани кои ќе се вратат во Германија со владините чартер-летови ќе треба да платат паушален надомест од 500 евра по лице за трошоците за транспорт

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни