Германија го блокира ЕУ-планот за скенирање на пораки против онлајн детска злоупотреба

Германија и други земји-членки го запреа контроверзниот предлог на ЕУ за борба против детска онлајн злоупотреба, поради загриженост за приватност и енкрипција на пораките.

Предлогот на Европската комисија за борба против ширењето на детска сексуална злоупотреба преку интернет, кој бараше скенирање на пораки на апликации како WhatsApp, Telegram и Signal, беше повлечен од агендата за следната седница на министрите за правда на ЕУ поради противењето на Германија и други земји-членки.

Што предлагаше ЕУ?

Планот, наречен CSAM (Child Sexual Abuse Material), беше предложен во 2022 година, со цел: дигиталните платформи обврзно да скенираат пораки, фотографии, видеа и линкови, детекција на потенцијално незаконска содржина поврзана со злоупотреба на деца, воведување на унифицирани правила за сите земји-членки

Комисијата тврди дека само во 2023 година биле пријавени 1.3 милиони случаи на злоупотреба во ЕУ, вклучувајќи над 3.4 милиони фотографии и видеа.

Германија: „Приватноста мора да остане заштитена“

Германската министерка за правда и заштита на потрошувачи, Стефани Хубиг, остро се спротивстави на предлогот:

„Контролата на чат-пораките мора да биде табу во правна држава. Приватната комуникација не смее да биде под општо сомнение.“

Таа додаде дека не смее државата да ги принудува платформите масовно да скенираат пораки пред да бидат испратени.

Земји кои се „за“ и „против“

Во поддршка на планот се: Бугарија, Данска, Франција, Унгарија и Ирска

Против планот се: Германија, Холандија, Австрија, Финска и Полска

Холандската влада исто така изрази загриженост дека предлогот сериозно ја загрозува приватноста и дигиталната безбедност.

Зошто е предлогот спорен?

Клучната контроверзија е околу тоа што предлогот дозволува скенирање дури и на пораки со end-to-end енкрипција. Приватносни групи, како European Digital Rights (EDRi), предупредуваат дека мерката претставува „персонализиран шпиунски софтвер“ на милиони уреди. Европскиот парламент веќе предложи значителни измени во 2023 година, со кои се отфрлаат најекстремните делови од предлогот

Што следува?

Данска, која претседава со состаноците на министрите, може да предложи изменета верзија на законот. За сега работата продолжува на техничко ниво, важат привремени правила според e-Privacy директивата, кои дозволуваат доброволна детекција на нелегална содржина од страна на платформите. Тие привремени правила се продолжени до 3 април 2026

Дури и кога ќе се постигне нов договор, законот ќе мора да помине низ т.н. тријалог – преговори помеѓу Парламентот, Комисијата и Советот на ЕУ – што може дополнително да го одложи процесот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни