Германската влада најави почеток на евакуација на ранливите германски државјани кои останаа заглавени на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот во Иран. Првиот лет кон Мускат, главниот град на Оман, е планиран за среда, потврди министерот за надворешни работи Јохан Вадефул.
Според најавите од Берлин, приоритет на летовите ќе имаат деца, повозрасни и немоќни лица, како и бремени жени.
Откажувањата на летовите и затворањето на воздушниот простор во дел од земјите од Заливот, по нападите на САД и Израел врз Иран, доведоа до масовно заглавување на странски државјани во регионот.
Се проценува дека до 30.000 клиенти на германски туристички агенции се погодени од прекините во авионскиот сообраќај.
Авиокомпаниите и туристичките оператори во моментов работат на организирање безбедно враќање на туристите, а лет на „Емирати“ од Дубаи веќе слета во Франкфурт.