Владата на Германија го продолжи за шест месеци присуството на полициските контроли на границите што ги воведе минатата есен за да се потисне илегалната миграција. Канцеларот Олаф Шолц изјави дека владата ја информирала Европската комисија дека граничните контроли ќе траат до 15 септември.
Ова е исклучок бидејќи Германија е дел од Шенгенскиот договор кој предвидува целосна слобода на преминување на границите меѓу земјите – потписнички, но неколку земји веќе воведоа гранични контроли.
Шолц изјави дека „бројките покажуваат дека граничната контрола успешно ги потиснува илегалните миграции“.
Германија прва ја врати полицијата на границите со Полска, Чешка, Австрија и Швајцарија, а потоа и на границите со Франција, Луксембург, Холандија, Белгија и Данска.
Еден од лидерите на германската опозиција, Фридрих Мерц, кој на претстојните избори е главен ривал на Шолц за местото канцелар, изјави дека овој потег на владата во Берлин е недоволен и дека полициските контроли на границата мора да бидат постојани.
Тој додаде дека Европската унија е „дисфункционална“ и дека Германија мора да ги спроведува своите закони.