Германските власти организираа мултинационална конференција на која претставници на неколку европски земји ќе ги споделат своите искуства од легализацијата и регулирањето на марихуаната, со фокус на јавното здравје и ублажување на нелегалниот пазар. На покана од германскиот комесар за зависности и дроги на Сојузната влада Буркхард Блиенрт, на конференцијата во Берлин, покрај од Германија учествуваат делегации од Луксембург, Малта, Холандија, Чешка и од Швајцарија. Тие, заедно со експерти, граѓански организации и претставници на Aгенцијата за лекови на Европската унија (EUDA), ќе ги споделат своите досегашни искуства во сегментот на регулирање на употребата на канабисот за немедицински цели.
Фокусот на конференцијата е на првите искуства со регулирањето на канабисот за немедицински цели, како и на темите за превенција и докази.
Ваков вид на „меѓународен министерски состанок“ европските држави одржуваат трета година по ред. Овогодинешниот, се случува во период кога Германија продолжува да го спроведува законот за легализација на канабисот којшто стапи на сила во април годинава, со крајна цел – земјата да спроведе пилот програма за комерцијален пазар.