Германија официјално ја класифицира АфД како екстремистичка партија

АфД, која беше втора на последните парламентарни избори одржани оваа година во Германија, претходно имаше статус на „сомнителна“ екстремистичка група.

Германската домашна разузнавачка агенција ја прогласи партијата Алтернатива за Германија (АфД) за десничарска екстремистичка организација.

Агенцијата, наречена Федерална канцеларија за заштита на Уставот (БфВ), соопшти дека сега ја потврдила оваа квалификација за АфД бидејќи, според неа, сега има конкретни докази дека антимигрантската партија, основана во 2013 година, следела цели што го загрозуваат демократскиот поредок на Германија.

„Разбирањето на партијата за народот, врз основа на етничка припадност и потекло, е некомпатибилно со демократскиот и слободен поредок“, соопшти агенцијата.

Позициите на партијата и лидерот на АфД ги прекршуваат уставните принципи за неповредливост на човечкото достоинство, изјавија заменик-претседателите на агенцијата, Синан Селен и Силке Вилемс.

АфД, која беше втора на последните парламентарни избори одржани оваа година во Германија, претходно имаше статус на „сомнителна“ екстремистичка група.

Партијата ја оспори оваа квалификација на агенцијата на суд, но без успех.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни