Италија официјално доби нов селектор. Во наредниот период, Азурите ќе ги води долгогодишниот репрезентативец на оваа земја, Џенаро Гатузо.
Иако не успеа да му ја донесе титулата на Хајдук од Сплит, каде имаше катастрофална пролетна сезона, сепак раководството на Фудбалската федерација на Италија се одлучи токму Гатузо да биде нов селектор на Италија.
По шокантниот почеток на квалификациите за Светското првенство и убедливиот пораз од Норвешка (3:0), Италијанската фудбалска асоцијација одлучи да му се заблагодари на Лучано Спалети и да го замени со поранешниот играч на Милан.
Пред да биде назначен, на местото селектот на Италија се вртеа неколку имиња, како Клаудио Раниери, но сепак федерацијата се одлучи за Гатузо.
Сега, се чека само официјалната промоција.