Во организација на Амбасадата на Кралството Холандија

Гастрономска манифестација – „Денови на Холандија“

Амбасадата на Кралството Холандија од 19 до 21 април во рамките на манифестацијата „Денови на Холандија“ во Ист Гејт Мол ќе организира Холандскиот маркет на кој посетителите ќе имаат можност да го искусат шармот на холанската култура и да уживаат во неодоливите вкусови на традиционалната холандска кујна.

Во рамките на манифестацијата сите посетители ќе имаат можност да дегустираат холандски деликатеси на Холандскиот маркет, да ги погледнат најдобро декорираните велосипеди на Вело експо и да уживаат во отворената галерија на карикатури.

„Придужете ни се на прославата на холандските убавини, живописните пејсажи на полињата со лалиња и отпатувајте со нас низ срцето на холандската култура и гастрономија“, стои во поканата на Амбасадата на Кралството Холандија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни