Од 1 до 3 август, на Упија ќе се одржи уште едно издание на Галичник Филм Фестивал.
,,По година полна со предизвици, избори и инспирации — со гордост го најавуваме шестото издание на Галичник Филм Фестивал. Меѓу камените куќи, ехото од „Тешкото“ и сенките на Ѓорѓија Пулевски, фестивалот расте од коренот на традицијата и се искачува до нови хоризонти. Галичник не е само локација – тоа е став, историја, и инспирација што се прелива на големо платно” порачуват организаторите.
Програмата ќе биде објавена наскоро.