Од 1 до 4 август во Амфитеатар кај Упија, Галичник ќе се одржи уште едно издание на Галичник Филм Фестивалот. Организаторите на фестивалот најавуваат извонредна програма на филмови, работилници, забава и незаборавни искуства.
Во официјалната селекција ќе се најдат следните филмови
LIGHTS by Jitka Nemikinsová (Czech Republic), PATRIMONY by Stefan Tomić (Bosnia and Herzegovina), SUNKEN STONES by Jordi Penner (Italy), 5/3/0 by Danilo Stanimirović (Serbia), MAKING BABIES by Éric K. Boulianne (Canada), KINGS by Olivier Côté (Canada), A CRAB IN THE POOL by Alexandra Myotte, Jean-Sébastien Hamel (Canada),THE GIRL AND THE SEA by Marija Arakelyan Lucic (Germany),DIVE by Aldo Iuliano (Italy),THE FURLOUGH by Karolina Weglorz-Zima (Poland), BLUEBERRY SUMMER by Masha Kondakova (Ukraine), BOILING by Luka Đikanovi (Montenegro), FASTEN YOUR BELTS by Mikhail Morskov, Vitaly Dudka (Russian Federation ), NAMES by Jane Spasik (Macedonia), THINK SOMETHING NICE by Claudius Gentinetta (Switzerland), A SHORT TRIP by Erenik Beqiri (Albania), THINGS UNHEARD OF by Ramazan Kilic (Turkey), POWER SIGNAL by Oscar Boyson (United States), WHEN A ROCKET SITS ON THE LAUNCH PAD by Bohao Liu (China), BASRI & SALMA IN A NEVER-ENDING COMEDY by Khozy Rizal (Indonesia ), THE REAL TRUTH ABOUT THE FIGHT by Andrea Slaviček (Croatia),1001 NIGHTS by Rea Rajčić (Croatia), ESPI by Ivan Grgur (Croatia), LEMON TREE by Rachel Walden (United States ), SWEATSHOP GIRL by Selma Cervantes (Mexico ),TURBO NET by Nadezhda Panov (Macedonia), ARTWORK by Rafael Nieto Jiménez (Spain), THE WALK by Eleonora Veninova (Macedonia).
Објавен беше повикот за сценаристичка работилница со познатиот драматург и сценарист Дејан Дуковски која ќе се одржи од 1 до 4 август на кој годинава ќе учествуваат талентираните млади сценаристи и со нивните проекти:
ПОСЛЕДЕН ПОВИК – Стефан Палитов
СРЕЌНА НОВА 1994! – Иван Милосављевиќ
ТОРТА СВЕТИ ДУЈЕ – Милена Божиќ и Сунчица Милановиќ
ЦАЈТНОТ – Кирил Максимоски
ЧОВЕКОТ ВО ЦРНОТО ОДЕЛО – Давид Тодоровиќ