Гала на Егзит 2025: Гласот на отпорот и надежта

Гала не e само музичка ѕвезда — таа стана глас на студентите, на младите кои преку мирен протест и креативност бараат подобро утре. Нејзиниот настап на EXIT беше повеќе од концерт: тоа беше момент на вистина, солидарност и отпор.

Италијанската пејачка Гала, позната по глобалниот хит „Freed from Desire“, стана симбол на студентскиот отпор во Србија. Нејзината песна, со променети стихови, се пееше на протестите низ земјата, претворајќи се во химна на генерацијата што бара правда, достоинство и промена.

Таа синоќа го отвори јубилејното 25-то издание на EXIT фестивалот во Нови Сад. Гала настапи на главната бина на EXIT Festival 2025 во Нови Сад, отворајќи го фестивалот со емотивна порака и моќна изведба. Пред илјадници посетители, таа повика на 16 минути тишина во чест на младите жртви од трагедијата во Нови Сад, а потоа ја испеа „Freed from Desire“ со енергија што ја обедини публиката.

На крајот, се обрати на српски: „Србијо, бори се за своите права! Докажи дека народот има моќ!“ — зборови што предизвикаа громогласен аплауз и солзи кај многумина.

Гала не беше само музичка ѕвезда — таа стана глас на студентите, на младите кои преку мирен протест и креативност бараат подобро утре. Нејзиниот настап на EXIT беше повеќе од концерт: тоа беше момент на вистина, солидарност и отпор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни