Фустанот на кралицата Летиција создава оптичка илузија која ја зголемува самодовербата на секоја жена

Кога станува збор за стилот на шпанската двојка, кралицата Летиција и кралот Фелипе секогаш импресионираат со нивниот моден избор. Нивното неодамнешно појавување во јавноста уште еднаш го потврди тоа – класичната елеганција и софистицираност дојдоа до полн израз. Кралицата Летиција уште еднаш покажа зошто е една од најдобро облечените жени на светската сцена. Таа избра софистициран сиво-кафеав фустан со елегантен преклоп, кој нежно ја следи линијата на телото и ја истакнува фигурата. Фустанот е одличен избор бидејќи им ласка на речиси сите – визуелно го стеснува струкот, ја обликува силуетата и ја нагласува женственоста, без разлика на типот на телото. Црниот појас дополнително го истакна струкот, додека должината на моделот и дискретните долги ракави додадоа доза на формалност и класична елеганција. 

Модната комбинација кралицата ја заокружи со високи црни кожени чизми со ефект на брчки, кои на аутфитот му даваат доза на модерен шик и смелост. Таа носеше елегантна црна чанта со минималистички детали во раката, комплетирајќи го  софистицираниот изглед кој совршено ја избалансира деловната елеганција и современите модни трендови. 

Од друга страна, кралот Филип остана доследен на својот препознатлив стил – класичен, но сепак беспрекорен.Носеше совршено скроен темносин костум, кој ја истакна неговата висина и атлетска градба. Белата кошула и вратоврската со дискретен дезен додадоа суптилна доза на разиграност, но без да го нарушат формалниот карактер на целото издание. Неговиот стајлинг прикажува сè што треба да има еден крал – авторитет, елеганција и класична мажественост. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни