Македонската фудбалска репрезентација остана непоразена на гостувањето кај фаворизираната Белгија.
Одличниот Столе Димитриевски беше нерешлива енигма за белгиските напаѓачи, па по гостувањето во Гент , Македонија го задржа првото место во групата.
По шест одиграни кола Македонија е непоразена и прва на табелата со 12 бодови еден повеќе од Белгија која има 11, додека Велс е трет со 10 бодови но овие репрезентации имаат и натпревар помалку.
Со тоа, фудбалерите на Македонија се уште можат да сонуваат историски пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексиско следната година.
Во следното коло в понеделеник, Македонија го пречекува Казахстан и со победа против оваа репрезентација Македонија речиси сигурно ќе обезбеди пласман барем во баражаот за пласман на СП.
На крајот, во ноември следува последниот натпревар против Велс, а ако Македонија продолжи со ваква игра, и се разбира ако се поклопат и коцките тогаш може лесно да се случи и директен пласман на СП и испишување ново поглавје во македонскиот фудбал.