Фудбалската репрезентација сѐ поблиску до историски пласман на СП 2026

По шест одиграни кола Македонија е непоразена и прва на табелата со 12 бодови еден повеќе од Белгија која има 11

Македонската фудбалска репрезентација остана непоразена на гостувањето кај фаворизираната Белгија.

Одличниот Столе Димитриевски беше нерешлива енигма за белгиските напаѓачи, па по гостувањето во Гент , Македонија го задржа првото место во групата.

По шест одиграни кола Македонија е непоразена и прва на табелата со 12 бодови еден повеќе од Белгија која има 11, додека Велс е трет со 10 бодови но овие репрезентации имаат и натпревар помалку.

Со тоа, фудбалерите на Македонија се уште можат да сонуваат историски пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексиско следната година.

Во следното коло в понеделеник, Македонија го пречекува Казахстан и со победа против оваа репрезентација Македонија речиси сигурно ќе обезбеди пласман барем во баражаот за пласман на СП.

На крајот, во ноември следува последниот натпревар против Велс, а ако Македонија продолжи со ваква игра, и се разбира ако се поклопат и коцките тогаш може лесно да се случи и директен пласман на СП и испишување ново поглавје во македонскиот фудбал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни