Стотици клубови ширум светот носат имиња по историски личности. Некои се именувани по национални херои, некои по владетели и политичари, а некои по поети, научници и морепловци…
Ваквите случаи се чести во Јужна Америка, но ги има и во Европа, на Балканот, а не отстапува ниту Македонија.
ФК Боливар (Боливија) – Симон Боливар е јужноамерикански револуционер, војсководец и државник, и најзначајна личност во борбата за независност на Латинска Америка од Шпанија.
ФК Белграно (Аргентина) – Мануел Белграно бил аргентински војсководец и политичар, познат и како творец на аргентинското знаме, додека Хосе де Сан Мартин е национален херој на Аргентина, каде ја стекнал титулата „Татко на нацијата“.
Велез Сарсфилд (Аргентина) – Далмасио Велес Сарсфилд е политичар и правник кој го напишал Граѓанскиот законик на Аргентина.
Ц.А. Колон (Аргентина) – Кристофер Колумбо, познат и како Кристобал Колон, бил џеновски морепловец кој ја открил Америка.
ФК Васко да Гама (Бразил) по името на португалскиот морепловец познат по тоа што го открил поморскиот пат од Европа до Индија.
ФК О’Хигинс (Чиле) Бернардо О’Хигинс бил чилеански војсководец, политичар и национален херој, познат како „Ослободител на Чиле“.
ФК Коло-Коло (Чиле) кој бил легендарен поглавар на народот Мапуче од Чиле, познат како симбол на отпорот во борбата против шпанските освојувачи.
ФК Жил Висенте (Португалија) е португалски драмски писател од 15 век, а Карл Цајс (германски клуб од Јена) е познат германски оптичар и индустријалец.
Вилем Втори бил крал на Холандија познат по тоа што прифатил реформи со кои земјата станала парламентарна демократија.
Васил Левски и Христо Ботев се бугарски револуционери, национални херои и борци за ослободување од Османлиската империја.
И во Македонија има вакви примери. Најпознат е актуелниот прволигаш и некогашен првак Македонија Ѓорче Петров, потоа ФК Питу Гули од Крушево, Гоце Делчев од Прилеп, а има и други примери во пониски фудбласки лиги.