Франција ѝ испорачува до 100 авиони „Рафал“ на Украина: историски договор за зајакнување на воздушната одбрана

Украина ќе добие до 100 француски борбени авиони Rafale F4, како и напредни системи за воздушна одбрана, во рамки на голем договор што треба значително да ја зајакне способноста на Киев да се брани од интензивните руски напади.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече договорот „историски“, по потпишувањето на писмото за намера со францускиот претседател Емануел Макрон на воздухопловната база Вилакубле во близина на Париз.

Испораките на авиони „Рафал“ се планира да завршат до 2035 година, а заедничкото производство на пресретнувачки дронови започнува уште оваа година. Финансиските детали сè уште не се прецизирани, но Франција најави дека ќе се потпира на средства од ЕУ и потенцијално на замрзнатата руска актива – што претставува спорно прашање во рамките на 27-члениот блок.

„Ова е стратешки договор кој ќе трае 10 години, почнувајќи од следната година“, изјави Зеленски. Тој потврди дека Украина ќе добие и моќни француски радари, осум системи за воздушна одбрана и друга напредна опрема.

Тензиите на фронтот растат, а Русија во последните месеци ги засили нападите со дронови и ракети врз украинската енергетска и железничка инфраструктура, предизвикувајќи масовни прекини на струја и човечки жртви. Во најновиот руски напад врз Балаклија, загинале три лица, а 15 се повредени.

Макрон изјави дека Франција ќе обезбеди „100 Рафали – што е огромна бројка“ и дека тоа е неопходно за обновување на украинските воздушни капацитети. Аналитичарите сметаат дека авиони со домет до 200 километри се клучни бидејќи Русија моментално користи околу 6.000 „glide bombs“ месечно, напаѓајќи цели далеку зад фронтот.

Иако договорот е значаен, експертите предупредуваат дека ефектот ќе зависи од временската рамка и од тоа со какви ракети ќе бидат испорачани авиони. Воедно, остануваат отворени прашањата за финансирањето, обуката и логистичката поддршка – клучни елементи за секоја модерна авијациска флота.

Украина веќе користи француски авиони „Мираж“ и американски F-16, а неодамна постигна и прелиминарен договор за набавка на шведски „Грипен“. По посетата на Франција, Зеленски патува за Шпанија по нов пакет воена и економска помош, додека викендов обезбеди гасен договор со Грција, кој овозможува испорака на американски течен природен гас преку Балканот оваа зима.

Руската инвазија започна во февруари 2022 година, а Москва моментално контролира околу 20% од украинската територија, продолжувајќи со бавни, но константни напредувања долж фронтот.

Извор: BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни