Франција го гради најмоќниот ВИ суперкомпјутер кој ќе се напојува со нуклеарна енергија

Компанијата Fluidstack потпиша меморандум за разбирање со француската влада за изградба на суперкомпјутер со вештачка интелигенција од 1 гигават (GW). Овој проект беше најавен на Самитот за акција за вештачка интелигенција во Париз, на кој присуствуваше и претседателот Емануел Макрон.

Франција сака да стане водечка земја во развојот на компјутерската инфраструктура за вештачка интелигенција, а овој проект се смета од страна на највисоките луѓе како клучен за дигиталната независност на земјата.

Планот е суперкомпјутерот да користи најмногу нуклеарна енергија, која ќе ја обезбедува компанијата РТЕ. Франција има стабилна нуклеарна програма и модерна енергетска мрежа, што ѝ дава предност во вакви проекти.

Друг интересен податок е дека топлината што ја произведува суперкомпјутерот наместо да се троши ќе се користи за греење и индустриски процеси. Со други зборови, нуклеарната енергија ќе овозможи стабилна работа со минимален јаглероден отпечаток, а собирањето топлина ќе ја зголеми ефикасноста, ќе ги намали трошоците и ќе го направи проектот уште поеколошки одржлив.

Во првата фаза, системот ќе биде опремен со до 500.000 специјализирани чипови за вештачка интелигенција од следната генерација, кои ќе се користат за обука и управување со напредна вештачка интелигенција. Сепак, не завршува тука. Fluidstack планира да го прошири капацитетот на овој систем над 1 GW до 2028 година, создавајќи го најмоќниот суперкомпјутер со вештачка интелигенција во светот.

Доколку успешно се спроведе, овој проект би можел да ја постави Франција како европски лидер во индустријата за вештачка интелигенција.

„Франција повеќе нема да извезува струја, туку интелигенција“, рече Цезар Маклари, претседател на Fluidstack, истакнувајќи го геополитичкото значење на проектот.

Покрај технолошкиот напредок, проектот, вреден најмалку 10 милијарди евра, се очекува да донесе големи инвестиции и да отвори илјадници работни места во индустријата за вештачка интелигенција и дигиталната инфраструктура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни