Франција со специјален сообраќаен знак против густиот градски метеж

Новиот сообраќаен знак е веќе поставен во Лион, Гренобл и Стразбур, а наскоро ќе може да се види и на париската обиколница, како и на други приодни патишта со повеќе ленти. Во примена е воведен уште во 2020-та година, а како што пишува „Revija HAK“, може да биде активен само во текот на одредено време, односно да се вклучува на дигитални портали, како што се периодите на сообраќајни метежи.

Станува збор за сообраќаен знак во облик на симбол на дијамант на монолитна подлога, најчесто сина, со бела рамка. Функцијата му е да сигнализира дека станува збор за лента резервирана за возила со повеќе патници, електрични возила, такси возила и автобуси.

Треба да се каже и дека на париската обиколница лентата на која ќе го видите овој знак ќе биде резервирана превоз на спортисти и службен персонал.

За непочитување на овој знак, односно возење на резервираната лента, се плаќа казна до 135 евра. Сообраќајните ленти ќе ги надгледуваат посебни радари, додека казна ќе плаќаат возачите со помалку од два патници во возилото, пишува „Sortir A Paris“.

Извор: revijahak.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни